Oдржан општински натпревар по хемија


Објавено на: 20.03.2015

Во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија на 14.03.2015 година во СОУ Гимназија,,Добри Даскалов’’- Кавадарци се одржа општински натпревар по хемија. На натпреварот учествуваа ученици од прва и втора година гимназиско образование од СОУ Гимназија,,Добри Даскалов’’- Кавадарци и се натпреваруваа во две категории.

ALIM9566

Од прва година учествуваа учениците: Ристе Мицев, Петар Тодоровски, Ирена Давчевска, Елена Лазова, Елена Ридова, Теодор Делов, Владо Димовски и Виктор Велков под менторство на професор по хемија Магдалена Убавкова.

Од втора година учествуваа учениците: Даринка Костадинова, Марија Коцева, Благој Мукаетов, Билјана Саздова и Даница Лазарова под менторство на професор по хемија Даница Пецова.

ALIM9568

Од општински за регионален натпревар по хемија се пласираа учениците:

Благој Мукаетов, Марија Коцева и Билјана Саздова од втора година и Елена Лазова, Елена Ридова, Петар Тодоровски, Теодор Делов и Владо Димовски од прва година.

Регионалните натпревари ќе се одржат во сабота на 18 април 2015 год.

ALIM9569

ALIM9567