Oдржана работилница на тема: Изработка на бизнис план


Објавено на: 13.07.2018

Проф. д-р Филип Ивановски и проф. д-р Македонка Димитрова од University American College – Скопје, во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Уакс институтот за претприемништво и лидерски развој, на 03.07.2018 година во Битола оддржаа работилница на тема: Изработка на бизнис план.

На едукативно богатата и креативна работилница наменета за професори, учествуваа професори од целата Република Македонија, а учество земаа и професорите од СОУ “Гимназија Добри Даскалов”- Кавадарци: Лоска Давчева, Жанета Делова и Татјана Ралевска.

36679871 10214447476158569 3113776355305586688 n

36656587 10214447476438576 4141985139351617536 n

Организирани во групи, сите учесници изработија бизнис план кој на крајот од работилницата секоја група го презентираше преку свој претставник.

Во секој случај треба да се спомене и тоа дека оваа работилница беше проследена со едукативно дружење меѓу професорите од Републиката. Благодарност до организаторите за спроведената обука.

             36634370 10214447477118593 7580499702710272000 n  36637450 10214447476318573 729883366437945344 n