Денес нашата гимназија доби прочистувачи за воздух кои што ќе бидат поставени во училниците во училиштето, како донација од компанијата Блу Ер со која две средни училишта од Кавадарци добија прочистувачи за воздух, а донацијата е со вредност од 25 илјади евра.
Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова заедно со професори од гимназијата изрази благодарност за вниманието и напорите на градоначалникот на општина Кавадарци, г-н Митко Јанчев за оваа донација насочена кон училиштата за наставниците и учениците, со што се потврдува, ветената соработка и помош која континуирано училиштето ја добива од Локалната самупорава Кавадарци.
Со тоа градоначалникот и Локалната самоуправа ја потврдуваат својата заложба и грижа за младите, да дишат чист воздух, таму каде поминуваат значаен дел од времето, во училиштето. Претставници од компаниата Блу Ер денеска беа присутни на пуштањето на прочистувачите во употреба.