Обновена соработката со Прва крагуевачка гимназија


Објавено на: 24.10.2012

Делегација од Гимназијата „Добри Даскалов“ присуствуваше на одбележувањето на „21 октомври“-Денот на училиштето и на градот Крагуевац.

Kraguevac_1

Во свечената сала на Гимназијата која датира од 1833 година беше изведена програма,која не ги остави рамнодушни присутните гости.Стиховите од Јован Зивлак,композициите изведени од учениците придружувани од пиjано,виолина и виолончело му дадоа посебно свечен тон на целото одбележување во чест на стреланите крагуевчани-ученици од оваа гимназија.

Kraguevac_2

Престојот во Крагуевац беше искористен за разглед на градот,спомен паркот Шумарица, но и запознавање со вработените во Гимназијата и разгледување на условите за работа.

Kraguevac_3

Импозантната градба,ентериерот,традицијата, но и резултатите што ги постигнуваат учениците ја прават Прва крагуевачка гимназија една од најдобрите во Р.Србија и меѓу ретките кои се од посебен интерес на државата. Впрочем ова е гимназијата во која се школувале многу народни херои,истакнати борци,меѓу кои и Страшо Пинџур и Тоде Хаџи Тефов.

Kraguevac_4

Нашата Гимназија иако датира од почетокот на минатиот век,со постигнувањата и наградите на учениците е многу близу со оваа гимназија,па затоа од интерес на сите беше да се обноват врските од пред 30 години,да се продлабочи и интензивира соработката,да се разменуваат идеи и искуства кои би се имплементирале во наставниот процес и би придонеле за постигнување подобри резултати.

Kraguevac_5