Обука на класните раководители за спроведување на програмата „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ“
Објавено на: 09.11.2011
Од учебната 2011-2012 година во средното образование за првпат се воведува програмата Образование за животни вештини која ќе се реализира на класните часови. Програмата Образование за животни вештини има цел да придонесе за личниот и социјалниот развој на учениците, на тој начин што го помага развојот на психосоцијалните вештини, оспособувајќи ги учениците за успешно справување со предизвиците на секојдневниот живот. Со наставната програма од оваа област на учениците им се овозможува да ги применуваат своите знаења во градење здрави облици на однесување, а да ги избегнуваат оние видови на однесување што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје.
За реализирањето на програмата Бирото за развој на образованието организираше тридневна обука во Охрид во периодот од 2-4 октомври 2011 година. Од нашето училиште на обуката учествуваа Душанка Иванова, училишен психолог и Лоска Давчева, класен раководител и наставник по економски предмети. Учесниците имаат задача да реализираат обука низ пет фази на класните раководители за спроведување на програмата „Образование за животни вештини“
Начин на реализација на обуката:
- Прва фаза – учесниците на семинарот (обучувачи) ќе одржат пет работилници во една паралелка од секоја година во присуство на класниот раководител.
- Втора фаза
– дисеминација со сите класни раководители и заинтересирани наставници за програмата, методите,
компонентите на работилницата и спроведување на работилница.
– појаснување на задачите на обучените и остнатите класни раководители.
- Трета фаза: Обучените класни раководители – класни раководители кои следеле најмалку 5 работилници што ги реализирал обучувачот во училиштето, самостојно ќе реализираат по три работилници (секој во својата паралелка). Овие работилници ќе ги следи барем еден од обучувачите кој ќе им даде повратни информации за сите аспекти од реализацијата на работилницата.
- Четврта фаза: Обучените класни раководители ги обучуваат останатите класни раководители на паралелките од истата година (до пет наставници максимум).
Презентацијата можете да ја погледнете тука.