Обука од проектот „Современи методи и техники на наставата“


Објавено на: 28.05.2016

На 14.05.2016 година во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа обука од проектот „Современи методи и техники во наставата“ за наставници во средните училишта. Целта на овој проект е да се подобри квалитетот на интерактивната настава во средните училишта.

Обуката треба да ја поттикне креативноста кај наставниците и учениците преку нови методи на работа кои имаат задача да го развијат критичкото мислење и да воспостават подобар дијалог меѓу учесниците во образовниот процес.

Обуката се состоеше од осумчасовна теоретска обука на наставниците од страна на советници од Бирото за развој на образованието. Во текот на наредната учебна година наставниците кои присуствуваа на обуката ќе бидат посетувани од советниците, со цел да се добие повратна информација за користењето на современите методи. Сертификатот за успешно користење на современи методи и техники ќе им помогне во професионалниот и кариерен развој на наставниците.        

received 619630771522422

received 619630808189085

received 619630911522408

received 619630934855739