1

Обука за Дете Правобранител и неговите заменици

Согласно проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија од 20 до 23 март 2014 година во Струга се одржа обука за Конвенцијата за правата на детето и специфичната улога на децата правобранители.

На обуката активно учество земаа учениците: Митко Ѓорѓиевски од 3-7 клас со функција на Дете Правобранител, Ѓорѓи Белевски ученик од 3-7 клас со функција на Заменик Дете Правобранител и Сандра Костова ученичка од 2-4 клас со функција на Заменик Дете Правобранител. Учениците беа предводени под менторство на проф. по историја Наташа Матакова.

1

Покрај нашето училиште на обуката учествуваа и средните училишта од градовите: Куманово, Прилеп, Дебар и Тетово.

Четирите дена беа исполнети со работилници за запознавање на целта и содржината на обуката, со историјатот, структурата и улогата на Конвенцијата за правата на детето. Се презентираа и принципите на Конвенцијата за правата на детето.

Преку најразлични вежби и симулации учесниците ги научија правата на децата кои се однесуваат на заштита, на опстанок и развој, на учество и правата на децата во образовниот процес или училиштата.

2

Учесниците се запознаа и со функцијата и улогата на Народниот Правобранител и Заменик Народниот Правобранител.

Учениците беа премногу задоволни од учеството во обуката, бидејќи стекнале многу нови знаења, запознале нови пријателства и научиле да интервенираат при прекршување на детските права.

Останува учениците во училиштето преку врснички презентации да ја промовираат функцијата Дете Правобранител и начинот на пријавување претставки.

3