Обука за тренери од проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието


Објавено на: 14.05.2015

Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието и ЦИУ Мултимедиа како партнер организација организираше Обука за тренери на која учествува 12 професори од повеќе училишта од Македонија. Претставеници од гимназијата „Добри Даскалов“ беа проф. по македонски јазик и литература Кочо Кочов и проф. по информатика Зоран Милевски. Професорите од секое училиште кои ја проследија обуката ќе спроведуваат работилници, во своето училиште, но и во други училишта кои се наоѓаат во тој регион.

DSC05420

DSC05455

Целта на оваа обука е да се развијат вештините и стручноста на претставници од училиштата за тие понатаму да можат да го пренесат стекнатото знаење на учениците од училиштата.

DSC05468

DSC05421

Методологијата која беше претставена на целната група е комбинација од индивидуална и групна работа. Предложениот методолошки пристап се базира на процесот на учење преку искуства којшто во себе интегрира алатки и себеспознавање на теми коишто се значајни за самите учесници и нивните интереси. Идејата е да се претстави процес насочен кон изучувањето којшто ги поврзува практиките од современата уметност со секојдневниот живот, образованието и социјалниот развој.

Обуката се одржа во хотел Континтенал во Скопје во периодот 22-24 април 2015 година.

DSC05356

DSC05357