Одбележан 18-ти октомври, европски ден на борба против трговија со луѓе
Објавено на: 02.11.2019
Со голема креативност и силни пораки ученици од нашето училиште заедно со професорката Наташа Матакова дадоа придонес во одбележувањето на 18-ти октомври, европски ден на борба против трговија со луѓе. Настанот се одржа на градскиот плоштад во организација на Црвен крст Кавадарци и полициска станица од општа надлежност Кавадарци. Во рамките на овој настан претходниот ден на 17.10.2019 година нашите ученици учествуваа на едукативна работилница „Спречување на трговија со луѓе“ која се одржа во просториите на Црвен крст Кавадарци.