Одбележан денот на планетата Земја и светскиот ден на акција заедно со учениците од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево
Објавено на: 27.04.2013
И понатаму продолжува соработката со СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево. По повод 22 април – денот на планетата Земја и светскиот ден на акција, наши ученици од II (втора) година коишто во месец Март немаа направено ниту еден изостанок, беа наградени со дводневна посета на Крушево – градот на некогашната Крушевска република и највисокото гратче на Балканскиот Полуостров.
На 22 април 2013 година (понеделник) учениците: Лилјана Петрова од 2-1 клас, Душко Клинчаров од 2-2 клас, Јулијана Кирова од 2-2 клас, Надица Митрева од 2-4 клас, Вероника Вескова од 2-5 клас, Пане Кузманов од 2-5 клас, Ивана Ташева од 2-5 клас, Александра Богеска од 2-6 клас, Ангела Пецова од 2-6 клас, Рената Ташева од 2-6 клас, Антонио Ѓорѓиев од 2-7 клас, Миланка Димитрова од 2-5 клас заедно со стручните соработници, Душанка Иванова-психолог и Јасминка Ризова-педагог, реализираа заедничка активност со учениците од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево.
Првиот ден, по запознавањето на учениците, се реализираше посета на часови со цел размена на искуства од наставниот процес. Потоа, следуваше заедничко садење на зимзелени и декоративни дрвца во дворот на училиштето.
Следуваше прошетка низ градот со посета на гробот на легендарниот пејач Тоше Проески, крушевското езеро, како и ручек и сместување на учениците кај нивните врсници.
Вториот ден, повторно започна со посета на часови во наставата, продолжи со ликовна работилница на која учениците изработуваа макети на планетата Земја, а активноста заврши со приготвување на вкусен десерт-палачинки кои ги подготвија самите ученици во училиштето.
По организираниот ручек, следуваше посета на Спомен-куќата на Тоше Проески, заедничко дружење во познатите локали во градот и враќање во Кавадарци.
Се надеваме дека соработката со училиштето ќе продолжи и понатаму со многу други активности од различни области, а оваа дводневна прошетка ќе биде мотив и за останатите ученици да постигнуваат повеќе успеси и да бидат редовни во наставата.
Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк