Учениците од економско, правната и трговска струка од нашето СОУ го одбележаа 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права и слободи, под менторство на Пандорка Јосифова професор по предмети од правните науки. Свечената манифестација се одвиваше во Општинскиот суд во Кавадарци, со којшто нашето училиште успешно соработува.
![PravaISlobodi1](https://dobridaskalov.edu.mk/wp-content/uploads/2010/12/PravaISlobodi1.jpg)
Учениците имаа изготвено одлична презентација за историската важност на Меѓународниот ден на човековите права и слободи, кога во 1948 година Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Учениците имаа изработено и флаери. Тие направија извонредна симулација на судски процес и се претставија со впечатливи ораторски настапи пред вработените во судот и поканетите гости од Локалната самоуправа и други поканети гости од градот.
![PravaISlobodi2](https://dobridaskalov.edu.mk/wp-content/uploads/2010/12/PravaISlobodi2.jpg)
На оваа манифестација зедоа учество учениците: Коцева Благица II-6, Ристеска Мартина III-7, Карадакова Пепица IV-7 и Арсова Јулијана IV-6 – ораторство, Велевски Виктор IV-7, Станоевски Дарко IV-7, Тодорчева Маја IV-7, Витанов Диме IV-7, Попова Марија IV-7, Тодороски Здравко IV-7, Стојев Митко IV-7, Гордана Маркова IV-7, Делова Тања IV-7, Станоевска Мануела IV-7, Андреева Надица IV-7 –симулација судски процес, Росана Кочова III-7 и Маја Трајкова III-7 – флаери.
![PravaISlobodi3](https://dobridaskalov.edu.mk/wp-content/uploads/2010/12/PravaISlobodi3.jpg)
Претседателот на Советот на Општина Кавадарци Илија Тренчев на нашите ученици и менторот Пандорка Јосифова им додели пригодни подароци.