Одбележан патрониот празник на гимназијата


Објавено на: 17.11.2014

На 12 ноември 2014 година во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ беше одбележан патрониот празник на гимназијата со премиера на театарската претстава „Шекспир пред врата“. По изведбатана химната од хорот на училиштето, присутните ги поздрави директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и им додели награди на учениците кои што постигнале забележителни резултати на државни и меѓународни натпревари.

DSC 0281

DSC 0274

На 13 ноември 2014 год. во холот на гимназијата беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот, а потоа во кино салата на училиштето се одржа предавање за почетоците на образованието во тиквешијата од проф. по историја Мики Камчевски.

Патрониот празник беше одбележан и со презентации за учениците од активите на училиштето.

DSC 0339

DSC 0362

DSC 0367

DSC 0371

DSC 0261

Повеќе фотографии во Галерија или на овој линк