Одбележување 20 години Образовна манифестација „Образовно рандеву”  и освоени награди

„Образовно рандеву” е образовна манифестација со натпреварувачки карактер, организирана од МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта) и Министерството за образование и наука, наменета за учениците од средните стручни училишта во Република Северна Македонија. Истата, е значаен средношколски  настан вo нашата држава,  на која голем  број  ученици се натпреваруваат во различни категории, поврзани со нивниот кариерен развоj, лидерство, цртање, пеење, јакнење на спортскиот дух, развивање комуникациски вештини и стекнувањето лични компетенции што ќе им бидат потребни во иднина за учество на пазарот на трудот.

Оваа година, образовната манифестацијата „Образовно рандеву”, се одржа на 24 и 25 април 2025 година во Кавадарци, а училиште – домаќин беше СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци. Манифестацијата одбележува значаен јубилеј – 20 години од одржување на првото „Образовно рандеву”, со кое започна да се пишува оваа прекрасна приказна.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку учениците од економско-правна и трговската струка/сектор: економија, право и трговија, и профилите: економски техничар и правен техничар, зеде учество и освои награди во следните категории:

– ученичката Доменика Митевска, под менторство на проф. Душанка Иванова, освои I (прво) место во категоријата „Интервју за работа на македонски јазик”;

 – ученичкот Александар Стојков, под менторсатво на проф. Васка Петкова, освои I (прво) место во категоријата „Јавно говорење – подготвен говор на македонски јазик”;

– ученичкот  Александар Стојков, под менторство на проф. Васка Петкова, освои I (прво) место во категоријата „Најдобра поетска творба на македонски јазик”;

– учениците: Михаил Чоклев, Марко Чаприќ, Александра Лазарева и Александра Давитова, под менторство на проф. Блаже Велков, освоија III (трето) место во категоријата „Серва”;

– учениците: Ристе Стојанов, Александар Стојков, Васил Трајков, Марија Шалевска, Сања Коцевска, Александра Тодорова, Александра Србиновска, Атанас Димков, Христијан Бинаров, Апостол Рамов и Драгица Кимова, под менторство на проф. Васка Петкова, освоија II (второ) место во категоријата  „Најдобра театарска претстава”.

– учениците: Васил Трајков, Марија Шалевска, Ристе Стојанов и Александар Стојков, под менторство на проф. Васка Петкова, освоија II (второ) место во категоријата  „Најдобар  REEL”

– учениците: Теодора Трајкова, Николинка Атанасова, Ѓорѓи Јовановски, Кирил Панов, Александра Србиновска, Александра Тодорова, Алина Муратова, Наташа Ташева, Сара Траиловиќ, и Викторија Клинчарова, под менторство на проф. Александра Ристова, освоија II (второ) место во категоријата  „Најдобар штанд”;

Останати ученици-учесници со високи пласмани се:

  • ученичката Трајкова Моника, под менторство на проф. Драган Вељковиќ, во категоријата „Најдобар бенд и соло изведувач”;
  • учениците: Николинка Гинова, Сања Коцевска, Благица Димкова и Ивона Спанџова, под менторство на проф. Лоска Давчева, во категоријата  „Најдобар социјален бизнис модел”;
  • ученичките: Евгенија Кицова, Елена Петрова, Антонија Великовска, Миа Јованова и Ангела Соколова, под менторсто на проф. Татјана Ралевска, во категоријата  „Најдобра модна ревија”;
  • ученичките: Мануела Јорданова и Благица Ангелова, под менторство на проф. Кирил Мукаетов, во категоријата  „Најдобра карикатура”;
  • ученичките Марија Манева и Благица Трпкоска, под ментoрство на проф. Јасминка Ризова, во категоријата „Најдобар постер;
  • ученичките: Мартина Кендороска, Наталија Ставрова, Леона Темелкова и Доменика Митевска, под менторство на проф. Костадинчо Петров, во категоријата „Најдобар REEL”;
  • учениците: Сандра Колева и Трајче Мојсов, под менторство на проф. Благородна Лазова, во категоријата  „ Најдобар REEL”.

Во сите категории во кои се натпреваруваа, учениците остварија одлични резултати и покажаа знаење, креативност, самодоверба, самоиницијативност, лидерски  способности, организациски  и  комуникациски вештини, тимски и спортски дух… Им честитаме на учениците и менторите, и ги охрабруваме да продолжат да чекорат по патот на успехот!    

Прилогот го подготви,

 Давчева Лоска, професор по економски предмети