Како и секоја година, така и оваа учебна година училиштето се вклучи во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, учениците преку изготвување на презентации го одбележаа овој ден.
Учениците работеа под менторство на: Богде Коцева – професор по биологија, Елизабета Иговска – професор по биологија и Јасминка Ризова – училиштен педагог.
Целта на оваа активност и овие презентации е подигнување на еколошката свест и култура на сите граѓани, како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.
Им благодариме на сите ученици што покажаа интерес за соработка и во вакви услови при реализирање на наставата преку учење од далечина.
