ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА МЛАДИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ (1–7 октомври) 

На ден 06.10.2025 година во нашето училиште се одбележа Неделата на младите на Црвениот крст  која традиционално се слави со цел да се поттикне хуманоста, солидарноста и активното учество на младите во заедницата.

Наши ученици кои се волонтери во Црвен крст презентираа пред своите соученици за значењето на волонтерската работа, активностите на Црвениот крст и можностите за младите да се вклучат во хуманитарни акции.

Настанот беше одлична можност учениците да се информираат, да поставуваат прашања и да се мотивираат за активно учество во заедницата, при што се поттикнува свеста за хуманост и солидарност.

Нашето училиште е гордо што има млади волонтери кои ја пренесуваат важноста на волонтерството и помагаат за подобра заедница.