Секоја година на 5 Јуни се одбележува Светскиот ден за заштита на животната средина. По повод овој ден, ширум светот, се организираат еколошки акции, активности и кампањи за подигање на еколошката култура.
Како дел од планетата Земја, каде секој од нас има право на здрава и чиста животна средина, потребно е да направиме нешто, што ќе допринесе за унапредување на еколошката свест на локално, национално и глобално ниво.
Најважно е кај младите луѓе да се развие одговорноста кон животната средина, да се подигне еколошката свест, да се почитува и негува природата со сите нејзини богатства.
Во продолжение следуваат презентации изработени од учениците во знак на одбележување на овој светски ден.
5-ти Јуни – Заштита на животната средина
Светски ден за заштита на животната средина