На 31.5.2025 година на Правниот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар во знаење по македонски јазик и литература за средни училишта. Нашето училиште СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ го претставуваа ученички од втора и трета година и постигнаа забележителни резултати.
Со својот труд и посветеност ученичките од трета година Елена Илова и Габриела Бошкоска, со менторот Ристенка Пецова, се здобија со благодарници, додека ученичката Весна Давчева (втора година), со менторот Катица Манева се пласираше на второто место и освои прва награда.
Успехот на учениците е резултат на труд, посветеност и упорност кон знаењето. Им честитаме на учениците и им посакуваме уште посилно да продолжат кон освојување на нови цели и блескави победи. Нивниот успех е наша гордост и инспирација за идните генерации.


