Одржан општински натпревар по математика


Објавено на: 05.02.2017

На 28.01.2017 година во СОУ Киро Спанџов Брко Кавадарци се одржа општински натпревар по математика. Од нашето училиште учество земаа повеќе ученици и истите добија награди.

Учениците од I година кои беа под менторство на проф. Фиданка Илова се: Македонка Бинова – III награда, Ненад Петрески – III награда, Стефан Срњаков – пофалница и Мартина Велковиќ – пофалница.

Учениците од II година кои беа под менторство на проф. Силвана Петкова се: Стефан Попов – III награда и Македонка Недева – III награда.

Од III година под менторство на проф. Лилјана Дичова ученичката Елена Лазова доби пофалница.

Од IV година под менторство на проф. Соња Попова ученикот Славе Темков доби пофалница.