На 26.01.2019 во просториите на нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по математика на кој зедоа учество ученици од СОУ „Киро Спанџов Брко“ и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во две категории А и Б. На натпреварот учествуваа 6 ученици од I година, 7 од II година, 1 ученик од III година и 1 ученик од IV година.
Беа постигнати следните резултати:
I година: Михаела Темелкова освои пофалница,
II година: ученикот Димитар Манчев – I награда, Андонија Тодорова, Цветанка Пасинечка и Марија Трачева со II награда, Димитар Милков и Пане Јосифов – III награда и Пане Досев – пофалница
III година: Македонка Бикова – III награда
IV година: Стефан Попов – III наградa