Одржан регионален натпревар по германски јазик


Објавено на: 10.04.2019

На 06.04.2019 год.(сабота) со почеток во 10.00 ч. во просториите на СОУГ„Мирче Ацев“- Прилеп -се одржа регионален натпревар по германски јазик за учениците од прва и трета година од средните, во рамките на Олимпијадата по германски јазик во Република Македонија.

Право на учество имаа ученици кои посетуваат прва и трета година, кои немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик и немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци.

Од нашето училиште, пријавувањето го направи професорот по германски јазик Васка Таневска, кој воедно беше и ментор на учениците од прва и трета година.

На денот на одржувањето на регионалниот натпревар, учениците во категоријата на ученици од прва година Стоимчев Живко од I-4 и Темелкова Михаела од I-4, го освоија првото и второто место, а во категоријата на трета година ученичката Ѓорѓиева Марија од III-3 го освои првото место. Учениците беа упатени на натамошно натпреварување во рамките на државниот натпревар по германски јазик, кој ќе се одржи во Скопје. Учениците се здобија со дипломи за I (прво) место- Стоимчев Живко од I-4 , Ѓорѓиева Марија од III-3, и II (второ) место- Темелкова Михаела од I-5, а менторот со пофалница за учество и успешно менторство во рамките на регионалниот натпревар по германски јазик.

Regionalen-germanski