Одржан вториот државен натпревар по француски јазик во спелување


Објавено на: 07.12.2015

На 05.12.2015 во Скопје на Филолошки факултет се одржа вториот по ред државен натпревар по француски јазик во спелување. Од нашето училиште во категоријата втора година-класична гимназија учествуваа ученичките Павлова Илинка од II-7 и Ридова Елена од  II-1. Во конкуренција од најдобрите триесетина кандидати од регионалните натпревари Елена Ридова го освои второто место и ја продолжи успешната приказна што ја започнаа кандидатите од нашето училиште на  минатогодишното издание на овој натпревар.Félicitations à Elena et bien sûr à son professeur Svetlana Nestorova-Micev.

IMG 6785