Одржан вториот регионален натпревар по спелување по француски јазик


Објавено на: 22.11.2015

На 21.11.2015 во нашето училиште се одржа вториот регионален натпревар по спелување по француски за учениците од седмо одделение од основно училиште и за втора година средно. Натпреварот е во организација на Здружението на професори по француски јазик. Во категоријата основно имаше пријавено четири кандидати а во категоријата за средно учествуваа ученичките Ридова Елена од II-1 клас (ментор С.Несторова-Мицев) и Павлова Илинка од II-7 клас (ментор Б.Рамова). Според постигнатите резултати нашите ученички се пласираа за учество на државниот натпревар што ќе се одржи на 05.12.2015 во просториите на Филолошки Факултет во Скопје.

Регионален координатор, С.Несторова-Мицев

DSCN2299

DSCN2296

DSCN2300

DSCN2304