1

Одржана првата конститутивна седница на Младинската заедница

На 22.10.2013 година (вторник) во кино салата на училиштето беше одржана првата конститутивна седница на Собранието на Младинската/Ученичката заедница.

Седницата ја водеше Марија Оџаклиевска ученичка од IV-3 клас, а Милче Митрева ученичка од IV-3 клас беше записничар. На седницата присуствуваше г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, директор на Гимназијата, која воедно ги поздрави присутните и ги охрабри учениците за пријавување на Претседател на Младинската/Ученичката заедница.

1

 

2

На седницата беа присутни и стручната служба на училиштето и претставникот од Невладината Организација ЗОНА Кавадарци. На седницата учениците беа запознати со тоа како функционира Советот и Собранието на Младинската/Ученичката заедница, кои се задачите и улогата на претседателот, заменик претседателот и секретарот на Младинската/Ученичката заедница.

Покрај претходно наведените улоги и задачи на Младинската/Ученичка заедница на состанокот учениците беа запознати и со функцијата и улогата на Дете правобранител и неговите заменици. Воедно, на крајот од седницата беше распишан конкурсот за пријавување на кандидати за Претседател на Младинската/Ученичка организација, Дете правобранител и негови заменици.

3