Во присуство на претседателите и заменици претседатели на класовите на ден 02.10.2015 година (петок) се одржа Првата конститутивна седница на Училишната /Младинска организација во учебната 2015/2016 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на на Училишната /Младинска организација, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на младинската организација во нашето училиште.
Во пресрет на изборот на Дете правобранител и негови заменици беа објаснети и условите и критериумите за аплицирање за оваа функција.
Формирањето на училишната/Младинска организација се врши во рамките на проектот „Модел-Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци. Овој проект предвидува демократски модел на избор на Училишната /Младинска организација преку тајно гласање.
Седницата ја водеше ученичката Драгана Крстевска, а на седницата присуствуваа училишниот педагог, психолог, одговорниот настаник Наташа Матакова и претставници на невладината организација СЕГА.