22368914 1598100720210609 2116413369 o

Одржана Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација

Во присуство на претседателите и заменици-претседатели на класови на ден 05.10.2017 година (четврток) се одржа Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација во учебната 2017/2018 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на на Ученичката /Младинска организација, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на младинската организација во нашето училиште.

22368914 1598100720210609 2116413369 o

Формирањето на Ученичката/Младинска организација се врши во рамките на проектот „Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци. Овој проект предвидува демократски модел на избор на Училишната /Младинска организација преку тајно гласање.

Седницата ја водеше ученичката Александра Кадрова, а на седницата присуствуваа и училишниот педагог, психолог и одговорниот наставник Наташа Матакова.

22375187 1598100896877258 1887693157 o

22396618 1598100023544012 873505108 o