Одржана трибина „Спречување на насилство во училиштата“


Објавено на: 02.04.2019

Во рамките на проектот „ Имплементација на Конвенцијата за детски права“ во делот „Имплементирање на индексот за детски права“ на Коалиција СЕГА, а во кој нашето училиште учествува во последните осум години, на ден 12.03.2019 година (вторник) ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци придружувани од училишниот педагог Јасминка Ризова и професорката Наташа Матакова присуствуваа на трибина „Спречување на насилство во училиштата“.

Трибината се одржа во просториите на Полициска станица Кавадарци, а ја водеше самостојниот инспектор за превенција од полициската станица Кавадарци, Димитар Каракулев. На трибината учениците добија сознанија што се претставува насилно однесување во училиштата, како да се превенира насилното однесување и кои се последиците од ваквата ситуација.

53698447 393700871449940 7588119356945465344 n

54516845 338544930336454 5426273754919469056 n

53668422 319193752071441 194407515650260992 n

54523842 772799386434534 7440351324954165248 n

54403618 552760371886943 7083352453604704256 n