Одржани училишен и регионален натпревар по информатика


Објавено на: 05.03.2016

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија се одржаа училишен и регионален натпревар по информатика. Најпрво, поради преголем интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 19 февруари (петок) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на четворица претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа Славе Темков III-3, Борис Станоев III-3, Иван Јосифовски III-3, Снежана Богева III-4, Дијана Ристова III-4 под менторство на професорката Благородна Лазова и Александар Тренчев IV-1, Антонио Цековски IV-5, Симон Тасев IV-5 под менторство на професорот м-р Зоран Милевски.

XXIV регионален натпревар по информатика се одржа на 28 февруари (недела) во четири региони и тоа: ФИНКИ во Скопје, Гимназија „Св. Климент Охридски“ во Охрид, „Јахја Кемал“ и СОУ „Јане Сандански“ во Струмица и СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Нашето училиште се натпреваруваше во првиот регион на ФИНКИ во Скопје и беше претставувано од Славе Темков, Иван Јосифовски, Александар Тренчев и Симон Тасев.

Regionalen-informatika-2-2016