Одржани училишен и регионален натпревар по информатика


Објавено на: 12.03.2019

И оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Најпрво, поради големиот интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 27 февруари (среда) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на тројца претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа учениците Блаже Бањански, Димитар Манчев, Цветанка Пасинечка, Иван Крстев, Ѓоке Ташев, Јован Пендев, Диме Јанакиев од II година, Стефан Срњаков, Филип Кимов од III година и Милан Ангелов, Стефан Ефтимов од IV година, под менторство на професорите по информатика Благородна Лазова и м-р Зоран Милевски.

Photo 3-10-19 13 20 21

XXVII регионален натпревар по информатика се одржа на 8 март 2019 год. (недела) во четири региони. Еден од регионите како домаќин беше и нашата гимназија, како резултат на одличната соработка на нашето училиште и ЗИМ. На овој натпревар училиштето, како домаќин, имаше право да пријави дополнително уште 2 ученици за регионален натпревар. На регионалниот натпревар учествуваа Блаже Бањански, Димитар Манчев од II година, Стефан Срњаков, Филип Кимов од III година и Милан Ангелов од IV година.

По завршувањето на натпреварот учениците Блаже Бањански, Стефан Срњаков, Филип Кимов и Милан Ангелов според освоените поени се поканети да учествуваат на Државниот натпревар кој што ќе се одржи на 23 март 2019 година на ФИНКИ во Скопје.

Им посакуваме многу успеси на ученици во текот на натпреварите.

Photo 3-10-19 13 19 44

Photo 3-10-19 13 20 46