Официјално потпишан договорот за проектот „Суперучилишта“ од RYCO програмата

На официјалниот настан за потпишување на договорите за новите проекти, пред присутните добитници и високи претставници од нашата земја, земјите од Западен Балкан и Германија, директорот на гимназијата м-р Зоран Милевски го потпиша договорот за овогодинешниот проект, а координатор на истиот е проф. по англиски јазик Христинка Косовска. Нашиот тим ги претстави планираните активности и очекуваните резултати.

Меѓу присутните беа:

  • Mr. Fatmir Sabriu, Државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади
  • Ms. Elena Ivanovska, Државен секретар во Министерството за образование и наука
  • Mr. Alexandru Albu, Раководител на сектор за операции, Делегација на ЕУ во Северна Македонија
  • Mr. Kevin Maass, Раководител на сектор за култура, Амбасада на Сојузна Република Германија
  • Mr. Vladimir Gjorgjevski, Раководител на локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија
  • Ms. Mimoza Gavrani, Менаџер на проектот Superschools

Нашиот проект отвора нови можности за интеркултурна соработка, развој на младите и зајакнување на партнерството со нашето партнерско училиште.

👉 Следете нè за повеќе информации и новости од реализацијата на проектот!