Општински натпревар по хемија


Објавено на: 24.02.2023

На 24 февруари 2023 година во ООУ Тошо Велков – Пепето од Кавадарци се одржа општински натпревар по хемија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Натпреварот се одвиваше со online тестирање на ClassMarker. На натпреварот учествуваа ученици од прва, втора  и трета година гимназиско образование од СОУ Гимназија,,Добри Даскалов’’- Кавадарци.

Учениците ги постигнаа следниве резултати:

  1. Цветанка Ристовска од I-3, пофалница за успешно учество
  2. Ана Лазароска од I-4, сертификат за учество
  3. Ива Павловска од I-5, сертификат за учество
  4. Тодор Пењушков од II-5, пофалница за успешно учество

Ментор: професор по хемија Магдалена Убавкова

 

  1. Томе Ѓондев од III-3, диплома за освоена III награда

Ментор: професор по хемија Даница Пецова

 

На регионалниот натпревар по хемија се пласираа учениците:

Цветанка Ристовска, Тодор Пењушков и Томе Ѓондев

Регионалните натпревари ќе се одржат во сабота на 6 мај 2023 год.