Ѓорѓи Стојанов повторно избран за претседател на Ученичкиот парламент


Објавено на: 01.11.2018

На ден 10.10.2018 година (среда) се одржа Втората седница на Ученичкиот парламент на која беше избран претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2018/2019година.

По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за избор на претседател заклучно со 10.10.2018 година за претседател на Ученичкиот парламент се пријавија три кандидати: Моника Коцх, Ѓорѓи Стојанов и Филип Липтов. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2018/2019 година членовите на Ученичкиот парламент повторно довербата му ја дадоа на минатогодишниот претседател Ѓорѓи Стојанов, а ученикот Филип Липтов беше избран за заменик претседател. На присутните им се обрати Директорката Г-ѓа Невенка Поп Ангелова, а на претседателот и заменик претседателот им посака успешна работа.

45072009 468699603655152 4014029263215788032 n

45132921 496826334162402 47895194657357824 n

45237198 476392956100449 8369968619324440576 n