Осмооделенците од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско на едно место


Објавено на: 30.05.2014

Во организација на Гимназијата „Добри Даскалов“ на 28.05.2014 година во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, се одржа завршната манифестација од распишаниот конкурс за најдобар рецитатор, вокален интерпретатор и најдобра Power Point презентација. Салата беше претесна да ги собере сите осмооделенци од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско кои беа заинтересирани да ја проследат презентацијата за Гимназијата „Добри Даскалов“, но и програмата во која учество зедоа нивни соученици и која заеднички ја подготвија со менторите од Гимназијата Кочо Кочов и Драган Вељковиќ. На почетокот присутните ги поздрави директорката Невенка Поп-Ангелова и им посака секогаш да бидат со најдобрите, со најнаградуваните, со најуспешните. Гимназијата „Добри Даскалов“ е единствено место каде можат да го постигнат тоа, да ја спојат традицијата и новото време и да се здобијат со трајни знаења кои ќе им користат во понатамошниот живот. Благодарност упати и до менторите на осмооделенците кои ги потикнале учениците да се пријават, но и да учествуваат во културно-уметничката програма.

IMG 4702

 {qtube vid:=Z1ZmhWJhfSA}

Учениците кои освоија I место во соодветните категории добија парична награда во износ од 2000 денари. А сите ученици кои освоија I, II и III место беа наградени со посета на археолошкиот локалитет СТОБИ и обезбеден ручек на учениците и менторите под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

На крајот беа доделени наградите во сите категории:

– Најдобар рецитатор:
I место- Александра Шијаковска ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино
Ментор: Нетка Богевска
II место- Атанасова Аница ООУ„Димче Ангелов Габерот“ Демир Капија
Ментор: Павле Прочков
III место: Димова Христина ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци
Ментор: Марија Трајкова

Наградата за најуспешно претставување на училиштето во категоријата најдобар рецитатор се додели на училиштето „Димче Ангелов Габерот“ Демир Капија.

IMG 4738

– Најдобар вокален интерпретатор

I место – Мартина Велковиќ ООУ „Пере Тошев“ Росоман

Ментор: Јасмина Симоновиќ Ристова

II место – Маргарита Лазовска ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци

Ментор: Ирена Ѓелевски

III место – Марта Митрова ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци

Ментор: Горан Крстев

III место – Кристина Димова ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино

Ментор: Сашо Ѓорѓиев

Сертификат за посебен придонес на конкурсот за најдобар вокален интерпретатор е доделен на менторот Сашо Ѓорѓиев од ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино.

За најуспешно претставување на конкурсот за најдобар вокален интерпретатор награда е доделена на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино.

IMG 4755

 – Најдобра Power Point или Impress презентација за промоција на производ (линк)

I место Александра Кадрова ООУ „Тошо Велков Пепето“ Кавадарци

Ментор: Гордана Богева

II место Елена Ридова ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци
Ментор: Елизабета Мешкова

III место Тамара Димковска ООУ„Димче Ангелов Габерот“ Демир Капија

Ментор: Весна Јовановиќ

Наградата за најдобра Power Point или Impress презентација се додели на училиштето ООУ „Тошо Велков Пепето“ Кавадарци.

DSC 0858 Large

DSC 0856 Large

Сите фотографии од настанот можете да ги погледнете во галерија или на овој линк.