Освоена трета награда на ликовен конкурс


Објавено на: 12.03.2012

По повод празникот 8-ми Март – Денот на жената, ЈОУ Дом на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци распиша награден конкурс на тема: „Подарок за жената – мајка“.

Меѓу наградените ученици беше и Стефанија Трајковска од паралелката I³ која ја освои специјалната трета награда под менторство на професорот по ликовна уметност Горан Боев.

Се надеваме дека оваа награда ќе биде мотив и за другите ученици од гимназијата да учествуваат на конкурси и натпревари од различен карактер.