На 30-та Македонска Математичка Олимпијада (ММО) учествуваа најдобрите 45 математичари, средношколци од I до IV година. Се натпреваруваа на 5 исти задачи од област комбинаторика, геометрија, низи на броеви и други области за кои се подготвуваа ,покрај редовната настава, покрај консултациите со своите ментори неуморно вежбајќи самостојно и истражувајќи ги тајните на математиката.
Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков, ученици од IV-3 клас, ментор Невенка Поп-Ангелова ,од нашето училиште се натпреваруваа заедно со 45 те најдобри математичари средношколци!
Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков се здобиja со БРОНЗЕН МЕДАЛ на ова натпреварување!
Поканата за учество на ММО за двајцата ученици дојде по одличните резултати на Регионалниот и Државниот натпревар по математика!
На регионалниот натпревар I место 100 поени освоија двајцата ученици , а на Државниот натпревар Мајкл Георгиевски I место, Бошко Бошков пофалница!
Им честиаме на учениците за освоените награди и им посакуваме да продолжат посветено да работат, учат истражуваат и да постигнуват успех на сите полиња.
Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава…– Давид Хилберт