Педесет години од постоењето на ПСД „Орле“


Објавено на: 25.12.2011

По повод 50 -годишниот јубилеј од постоењето на ПСД „Орле“ од Кавадарци и оваа година беше организирана традиционално искачување на врвот Орле. Акцијата беше реализирана на 18. декември, со почеток во 7 часот.

PSD_Orle_1 Група планинари енргично тргнаа на овој поход, со верба дека ќе ги следи убаво време и не се разочараа во тоа. За само 4 часа планинарење, сите дваесет и петмина во прекрасната атмосфера го освоија врвот. Исполнети со ентузијазам, со ведри и насмеани лица и со развиорени знамиња ја освоија целта. Помеѓу планинарите имаше 6 ученици од СОУ Гимназијата „Добри Даскалов“, па затоа на директорката Невенка Поп-Ангелова ù беше врачена Благодарница и статуетка со логото на планинарското друштво.

Свесни сме за предноста што ја нуди планинарењето како здрава физичка активност којашто претставува релаксација од сите психички напори, предизвикани во секојдневниот живот. Заради ова, би требало да се зголеми бројот на млади учесници во акциите на ПСД „Орле“. Во текот на второто полугодие ќе бидат организирани планинарски акции од овој тип, со цел учениците да научат да ги применуваат здравите навики на живеење и да знаат да уживаат во природните убавини.

PSD_Orle_2