Пехарите во рацете на најдобрите
Објавено на: 08.06.2012
На 06.06.2012 год.(среда),на спортските терени во Гимназијата “Добри Даскалов” се одиграа завршните натпревари во кошарка и фудбал од лигата на класните првенства.
Натпреварите беа проследени од голем број ученици кои до крајот ги бодреа екипите со спортско навивање.Спортскиот дух, пожртвуваноста и желбата за победа кај учениците беа присутни во сите натпревари.
За прво место во кошарка се бореа учениците од I-2 и III-4 клас.Победата ја однесоа учениците од III-4,кои го подигнаа победничкиот пехар во име на целиот клас,а радоста во нивните срца можеа да ја почувствуваат сите присутни.
Во натпреварот во фудбал ситуацијата беше подраматична.Со идентични сили учениците до крајот на натпреварот ги држеа во неизвесност љубителите на овој спорт.Спортската среќа беше на страната на учениците од III-5 кои на пенали успеаја да ја совладаат екипата на III-1 клас.
Спортските поздрави на најдобрите го одбележаа крајот на класното првенство за оваа учебна година.Директорката на училиштето,г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, заедно со професорите од активот по Спорт и спортски активности ги доделија пехарите во рацете на најдобрите.
Овој настан беше искористен да се прогласат победниците од турнирот во шах и да им се доделат наградите.Првото место го освои ученикот Душко Клинчаров,второто место му припадна на Веле Темелков, а третото на Никола Ѓорѓиев.
Во завршниот говор Директорката го поздрави натпреварувачкиот дух на учениците и им посака да продолжат да нижат успеси и резултати на спортските терени и во годините што доаѓаат.