Поетско читање во Домот на културата„Иван Мазов-Климе“


Објавено на: 13.03.2024

На 6 март 2024, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, беше отворена ликовна изложба “Женско писмо“. Изложбата е во организација на Дом на култура -Кавадарци и Друштвото на ликовни уметници- Кавадарци и учествуваат жени- ликовни автори од повеќе градови од Македонија.

Отворањето на изложбата доби и мултимедијален карактер со поетско – музичкиот перформанс во изведба на ученици од  средните училишта од Кавадарци.Од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“со свое поетско читање се претставија ученичките Елена Илова, Ивана Секуловска,Теона Јорданова и Марија Вчкова под менторство на проф.Васка Петкова.