ПОСЕТА НА АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА


Објавено на: 09.03.2020

    На ден 05.03.2020 год. учениците од клас II7 при СОУ Гимназија Добри Даскалов“ Кавадарци во рамките на наставните часови по наставниот предмет „ Практична настава“ со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Адвокатската канцеларија на Адвокат Зорица Илиевска, каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со образување на судски предмет, со поднесувањето на иницијалниот акт за почеток на судска постапка т.е тужбата, како и со сите дејствија кои се преземаат од моментот на поднесувањето на тужбата до надлежниот Суд па се до извршувањето на правосилната судска одлука.

Учениците имаа можност да се запознаат и со одредени дејствија кои се преземаат за спречување на малолетничката деликвенција.