Посета на Дрекслмајер Кавадарци
Објавено на: 23.12.2019
Учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци од стручната паралелка економски техничар како и од гимназиските подрачја кои го изучуваат предметот Менаџмент со проф. м-р Жанета Делова, на ден 18.12.2019 година беа во посета на ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија.
Учениците имаа можност да се запознаат одблиску со работењето на компанијата преку презентацискиот дел за почетоците, основањето и проширувањето на компанијата, како и со организациската структура. Во секторот за човечки ресурси, компанијата има 30 вработени.
Учениците ја посетија и просторијата наречена tranning room, каде што имаа можност самостојно да изработат некој дел од оперативните процеси заедно со учениците од СОУ Ќиро Спанџов – Брко, кои имаа практична настава. Таму им беа презентирани на дело новитети од областа на роботиката и г-ѓа Катерина Бакалова која што не водеше во текот на целата посета им посочи на учениците дека компанијата е високо иновативна и во иднина сите процеси кои ќе бидат работени од робови, а управувани од човечки фактор ќе бидат главниот двигател и движечка сила и во автомобилската индустрија.
ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија е основана во 2012 од страна на DRÄXLMAIER Group. Станува збор за семејна компанија, чие главо седиште е во Германија. Во Македонија се произведуваат кабелски сетови (комплетни електрични системи) за автомобилската индустрија изработени по барање на клиентот. Главното производство е изработка на електрични компоненти, кабли, ентериер, ентериер рачно изработен од кожа и врати. Од самото основање, фабриката ДРЕКСЛМАЈЕР во Кавадарци доживеа импресивен развој. Денес е еден од најголемите работодавачи во земјата со над 5.000 вработени. Јадрото на ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија е производство, логистика и квалитет.
Главни активности на компанијата се собирот на вработени, семеен ден спортски активности, соработка со сите државни универзитети, доделување стипендии, спороведување дуално образование, доделување донации и спонзорства.