Посета на Извршител


Објавено на: 20.10.2019

На ден 17.10.2019 година учениците од клас II 7 при СОУ Гимназија  „Добри Даскалов“ Кавадарци во рамките на наставните часови по наставниот предмет „Практична настава“ со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија канцеларија на Извршител Васко Еленов –Извршител  именуван за подрачјето на Основниот суд Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

Александар Лазов, лицето вработено во канцеларијата на извршител Васко Еленов детално ги запозна учениците за работите поврзани со извршувањето, овластувањата на извршителот  како и за дел од дејствијата кои се преземат во постатпката за извршување.

После добиените информации, учениците знаењето го дополнија со разгледување на извршителски  акти и други поднесоци кои се од битно значење за постапката за извршување.