На ден 13.12. 2018 год, учениците од клас II 7 и клас III 7 при СОУ Гимназија “Добри Даскалов” од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет “Практична Настава” со предметните наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова ги посетија просториите на Локална Самоуправа Кавадарци одделение за имотно- правни работи во Кавадарци , каде имаа можност да се запознаат со имотно- правните работи, со процесот за експропријација како и со архивското работење во ова одделение. Потоа вработените им покажаа практични примери преку кои учениците имаа можност подетално да се запознаат со сите специфичности кои се дел од имотно- правните работи.
![48971937 469356513590829 8455532317845225472 n](https://dobridaskalov.edu.mk/wp-content/uploads/2018/12/48971937_469356513590829_8455532317845225472_n.jpg)