Посета на претставници од Светска банка
Објавено на: 16.03.2012
Денес, 15.03.2012 година нашето училиште беше посетено од претставници на Светска банка: Питер Јохансен и Џес Син, претставници на Локална самоуправа-Кавадарци: Александар Панов, Илија Тренчев и Анита Гинова-Каракутова како и претставници на подрачната единица на Светска банка во Скопје: Здравко Стефановски, Иван Ѓошевски, Софија Караѓорѓева и Горан Блажевски.
Гостите беа пријатно изненадени од несекојдневниот пречек што им го приредија нашите ученици во холот на гимназијата. Со познати рефрени од светската и домашната музичка сцена учениците направија атмосфера достојна за секоја пофалба. Директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова ги поздрави гостите и им се заблагодари од свое име, од име на вработените и учениците на претставниците од Светска банка, за вклучувањето на нашето училиште во проектот ,,Енергетска ефикасност“.Таа ги наброи сите придобивки од реновирањето што беше направено во училиштето меѓу кои се: промената на прозорците во старата зграда и во новиот дел со ПВЦ нови врати, поставената изолација на кровната конструкција во новиот дел, променетите термостатски вентили, променетите постоечки светла во ходникот со штедливи светилки. Директорката Поп-Ангелова на крајот истакна дека е потребно соработката да продолжи и дека училиштето има потреба и од изработка на термофасада, промена на целата кровна конструкција и промена на системот за греење.