Посета на ВФП А.Д. Скопје осигурително брокерско друштво, подружницаКавадарци од страна на учениците од IV-6 2022-2023


Објавено на: 16.09.2022

Посета на ВФП А.Д. Скопје осигурително брокерско друштво, Подружница-Канцеларија 11 Кавадарци, ул. Булевар Македонија бр. 40, Кавадарци 1430 од страна на учениците од  IV6 клас економски техничар на ден 16.09.2022 (петок) со проф. М-р Жанета Делова, професор по група економски предмети.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со ВФП А.Д. Скопје осигурително брокерско друштво, Друштво за управување со отворени инвестициски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија.

WVP како групација е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 30 години искуство.

Приказната на WVP Group во Република Македонија почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје.

ВФП А.Д. Скопје осигурително брокерско друштво е лидер на пазарот на животни осигурувања во Република Македонија. Друштвото има над 90 брокери, а воедно во 2017 година има најзначајно учество во вкупно направените полиси за животно осигурување во Република Македонија .

Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во 2014 година.

Сигурноста за успехот на ВФП А.Д. Скопје осигурително брокерско друштво се базира на професионалните агенти на WVP Group во Македонија и во државите каде што е присутна групацијата како и на 30-годишното искуството на менаџментот во инвестирање на светските берзи (WVP Invest, затворениот фонд во Австрија, од 1996 до 2014 година има просечен годишен принос од 7%).