Добредојде на учениците во I година во гимназијата „Добри Даскалов“


Објавено на: 01.09.2022

Започна новата учебна 2022/2023 година. И оваа година желбата на многу полуматуранти да го продолжат своето образование е СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. Класните раководители на учениците во прва година им посакаа добредојде на учениците и им посакаа многу успеси во следните четири години.