Премиера на мјузиклот „Во ритамот на љубовта“


Објавено на: 13.12.2012

На 7.12.2012 година во рамките на одбележувањето на 130 годишнината од раѓањето и 100 годишнината од смртта на нашиот патрон Добри Даскалов беше премиерно изведена претставата „Во ритамот на љубовта“. Салата на Домот на културата беше претесна да ги собере љубителите на театарот и многубројните гости од Углевиќ, Крагуевац, Сандански, Скопје. Најпрвин присутните гости ги поздрави директорката на Гимназијата, Невенка Поп-Ангелова и им се заблагодари на сите оние кои го поддржаа овој проект: Градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци, Кодинг-Горска, Стевик и други.

IMG_3608_500x333

Вистинско уживање за присутните беше следењето на мјузиклот, извонредната кореографија, позитивната енергија која се ширеше од лицата на младите актери. Публиката беше воодушевена од професионалниот настап, костимите и музиката кои им ги вратија спомените на нивната младост.

 

IMG_3621_500x333

По завршувањето на претставата присутните гости уживаа во богата трпеза со традиционална храна, подготвена од учениците и професорите – членови на Еко одборот при училиштето, и вкусот на вината од винариите Грков и Еленов.

Рајне Илиевска
Катерина Чејкова

IMG_3606_500x333

IMG_3612_copy_333x500