Премиера на театарската претстава „Коштана“
Објавено на: 16.12.2011
Во четвртокот (15. XII 2011 г.) во 19.00 часот, се одржа премиерата на театарската претстава „Коштана“ од Борисав Станковиќ, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.
Во претставата учествуваа учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ под менторство на професорот по македонски јазик Кочо Кочов. Уште пред самиот почеток на претставата, салата веќе беше преполна со луѓе кои со нетрпение ја очекуваа веќе долгонајавуваната претстава. Гостите пред сè беа директори на основните и средните училишта од Кавадарци, професори, родители на учениците кои земаа учество во претставата итн.
Оваа претстава всушност претставува синкретична целина од повеќе видови уметности: глума, танц, игра и песна, и поради тоа има своја дополнителна тежина.
Почеток како и продолжението од претставата беа пропратени со силни аплаузи од страна на публиката која во секој миг остануваше воодушевена од прекрасната изведба на актерите. Трагичниот крај на оваа претстава посебно ги допре срцата на сите присутни кои се презадоволни од премиерата и со нетрпение ја очекуваат следната изведба на „Коштана“.
Повеќе фотографии во Галерија или директно тука