1

Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија

По престојот на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година која се реализираше на тема детски права- антидискриминација, учениците што учествуваа на интеркултурната размена под менторство на професорката Наташа Матакова одржаа четири follow up работилници каде го пренесоа стекнатото знаење и искуство на нивните соученици. Работилниците се одржаа во периодот од 11 – 14.12.2017 година, на тема детски права (идентитет), а учествуваа ученици од прва до четврта година.

Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност без разлика како не гледаат другите. 1

2

3

4

5

6

7