Презентација и споделување на добри практики од обуките во рамките на Еразмус+ проектите
Објавено на: 02.02.2019
На 31.01.2019 (четврток) во просториите на Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа дисеминација пред професори од училиштето на која се споделија искуствата од обуките од Еразмус+ проектите Schools go digital – Mobile assessment tools for students и DiGiTeachEUrope – Developing digital learning environments for schools in Europe.
Презентацијата е насловена „Симфонија на учење и подучување – blended учење“. Своето искуство го споделија Директорка Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска – проф. по Латински јазик, Богде Коцева – проф. по Биологија, Жанета Делова – проф. по Економски предмети и Благородна Лазова – проф. по Информатика.
На дисеминацијата беа претставени наставни методи и алатки за креирање на blended учење. Blended учењето претставува пристап кој комбинира online едукативни материјали и можности за интеракција преку интернет со традиционални методи во училницата. Тоа не е само додавање на технологија, уред или програма за туторство и не ги заменува наставниците со компјутери, туку e употреба на технологијата, поврзана со ефективна настава предводена од наставниците и студентска интеракција при што го прави учењето ‘blended’. Придобивките од ваквото учење се: давање автономија на учениците и зголемување на нивната заинтересираност, подолго ги задржува учениците фокусирани, им овозможува да учат по нивно темпо, развива истражувачки вештини, само-учење, само-залагање, одговорност, компјутерска писменост, а на наставниците им овозможува брзи и непосредни дијагностички резултати и повратна информација од учениците.
Исто така на дисеминацијата беа претставени дигитални алатки за оценување на учениците: Flipgrid, GoClass, The Answer Pad, Socrative, Google Forms, Kahoot, Quizalize, GoSoapBox, Poll Everywhere, TodaysMeet, Piazza, Padlet, Quizizz, Quizlet, Edulastic. Од методите за формативно оценување на учениците беа претставени: Peer Quizzes (учениците пишуваат прашања и се испрашуваат меѓусебно), 5×5 Journal (учениците пишуваат дневник за петте најинтересни идеи што ги откриле за време на часот и објаснуваат зошто), Cool Collages (учениците прават колаж или постер за да претстават колку ја научиле наставната содржина), 3-2-1 (учениците пишуваат или дискутираат за 3 работи што научиле, 2 работи што сакаат да научат и 1 прашање), Talk it Out (учениците дискутираат за важни точки од наставната содржина), Daring Doodles (ги поттикнува учениците со цртеж да го претстават своето разбирање на наставната содржина), Exploration Table (на крајот на часот учениците одговараат на прашања), Four Corners (учениците на динамичен начин одговараат на квиз при што секој агол на училницата претставува еден од четирите понудени одговори), Traffic Cards (со картички во зелена и црвена боја учениците покажуваат дали и колку ја сфатиле наставната содржина), Twitter Board (учениците преку пишување на 140 знаци претставуваат што научиле тој час), Top Ten Lists (учениците ги запишуваат и подоцна дискутираат за десетте најважни придобивки од часот), Roll the Dice (на игрив начин учениците фрлаат една коцка и одговараат на едно од шест прашања), Enthusiasm Example Chart (преку графикон учениците претставуваат колку научиле за време на часот) и др.
Исто така беше претставен и методот на визуелизација преку кој се постигнува подобар ефект на усвојување на наставната содржина кај учениците. Пример на дигитална алатка за овој метод е StoryboardThat.