Презентација на СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ во основните училишта


Објавено на: 28.05.2016

Учениците од основните училишта од завршното одделение овие денови ги посетија професори од гимназијата со цел да им понудат одговори на некои прашања и дилеми со кои се соочуваат , поблиску да ги запознаат со училиштето кое има своја традиција и висок квалитет и од кое произлегуваат најдобрите ученици.

Основците соочени со прашањата: Каде ќе го продолжам моето образование? Кое училиште да го одберам? Дали тоа училиште ќе ми го даде потребното знаење за да можам без проблем да се запишам на саканиот факултет?….. ги разјаснија своите дилеми и ги добија потребните информации.

Професорите Трајче Тодоровски, Љубица Станоева, Васка Таневска и Васка Петкова им ги презентираа на учениците сите профили и струки од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. Пет паралелки општа гимназија и две стручни- со профили економски и правен техничар ќе ги очекуваат оваа година своите ученици.Учениците беа запознаени со сите наставни и воннаставни активности на училиштето, со условите за учење и со можноста да конкурираат на сите факултети после завршувањето на средното образование.

Гимназија „Добри Даскалов“ оваа есен ќе ги отвори вратите за сите ученици кои сакаат да бидат дел од успешноста, современата настава и традицијата.

Пораката до идните свои ученици беше јасна:

Велат дека најубави се средношколските години. Испишете ја најубавата страница од вашиот живот во СОУ Гимназија„Добри Даскалов“, станете гимназијалци!