Презентации на тема „Живот-ДА Дрога-Не“


Објавено на: 30.10.2010

Во текот на месец октомври Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, под раководство на инспекторите за превенција г-дин Димитар Каракулев, г-ѓа Благица Кицева, началникот за превенција г-дин Ненко Александров и претставник од ОБСЕ во соработка со млади волонтери – ученици од гимназијата организираа и реализираа повеќе презентации на тема „Живот-ДА Дрога-Не“.

На презентациите присуствуваа учениците од прва и втора година од гимназијата кои имаа можност да дознаат нешто повеќе за дрогата, но и да дискутираат на оваа тема. Покрај презентацијата присутните ученици погледнаа и неколку кратки видео клипови на коишто јасно се гледаше штетното влијанија и опасноста од консумирање на дрогата. На сите ученици им беа поделени и флаери за заштита на младите од дрогата.

Презентери на учениците од прва и втора година им беа нивните соученици: Зорица Ташева I-1 клас, Васил Каракулев I-1, Трајанка Мицковска 1-4 и Ристенка Касапинова од 1-7 клас. Во иднина следуваат веќе планирани активности на оваа тема, со организирање на спортски натпревари под мотото: „СПОРТ-ДА ДРОГА-Не“.

Гимназијата и понатаму ќе продолжи да соработува со локални институции и организации  од каде учениците ќе можат да добијат драгоцени информирации за негативностите од консумирањето на дрога, алкохол, никотин и сл.